Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •    

Добротворна новогодишна работилница на Филолошки факултет

24 декември 2021 г. (петок) - 12:00 часот

Филолошкиот факултет организира хуманитарна новогодишна работилница на која ќе се подготвуваат пакетчиња за дечињата од детското одделение во Клиничката болница во Штип.

Филолошкиот факултет по повод празниците секоја година се обидува да организира хуманитарни акции или настани преку кои ќе овозможи помош и поддршка на оние на кои им треба.

На работилницата ќе имаат можност сите кои присуствуваат да помогнат во подготвувањето на пакетчињата или пак во донирање на производи за нив.

Настанот ќе се одржи во петок 24.12.2021 година во Библиотеката на Кампус 4 од 12.00 часот.

Во самата работилница и во целата акција се вклучени професорите, студентите и вработените од Филолошкиот факултет, но поканети се сите останати кои сакаат да земат учество.