Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •    

Вебинар на тема „Книжевниот превод како ваша идна професија“

4 октомври 2021 г. (понеделник) - 12:00 часот

Почитувани студенти,  

Ве покануваме да учествувате на вебинарот на тема КНИЖЕВНИОТ ПРЕВОД КАКО ВАША ИДНА ПРОФЕСИЈА.  

Дознајте како функционира спрегата писател-преведувач-издавач и пронајдете ја својата идна професија. Како може да се заработува од книжевност? Како се стигнува до ангажман како книжевен преведувач?  

Одговор ќе се обиде да ви даде проф. д-р Игор Станојоски, вонреден професор на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, македонски романописец, лингвист и преведувач. Автор е на повеќе книги од областа на лингвистиката, како и на романите Гаргара (2014), Првиот универзитетски ден на мојата ќерка (2016) и Дисомнии (2017).  Игор Станојоски за романот „Дисомнии“ ја добива наградата „Рациново признание“ за 2018 г. 

Линк за пристап:  Microsoft teams.