Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Концерт на Oдделот за џез со Звонимир Тот

Штип среда, 22 мај - Музичката академија во 15 часот.

Студентите од Одделот за џез на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во среда, 22 мај, ќе одржат концерт, предводени од проф. д-р Звонимир Тот од Чикаго.

Звонимир Тот е џез гитарист, композитор и аранжер кој живее во Чикаго, а негува стил кој влече корени од џез традицијата, но со елементи од европското потекло. Тот има настапувано во САД, Холандија, Белгија, Шпанија, Германија, Португалија, Мексико, Унгарија, Србија, Романија и Хрватска. Има соработувано со врвни светски имиња, а на Универзитетот Илиноис во Чикаго предава џез гитара, хармонија, џез ансамбли.

Концертот ќе се одржи во концертната сала на Музичката академија во 15 часот.